Европскиот ракометен првак Вардар кој со реконструиран тим настапува на Супер Глоуб во Саудиска Арабија, попладнево (16:20 часот) ќе го има првиот сериозен тест против германски Кил, во првото полуфинале на неофицијалното клупско првенство. Во Дамам, избраниците на новиот стартег на клупата кај „црвено-црните“ Давид Писонеро ќе треба да ја покажата вистинската сила, иако во Саудиска Арабија пристигнаа без капитенот Стоилов и новакот Толедо кои се во фаза на рехабилитација по направени хирушки интервенции на колената. Со нов Вардар ќе имаа подолга клупа и можност за поголема ротација на играчите.
Кил е во натпреварувачки ритам, бидејќи Бундеслигата стартуваше пред десетина дена.
Вардар за кого ова е втор настап на овој турнир стартуваше со победа од 34-27 против домаќинот Ал Мадхар. Трофејот на неофицијалното клупска светско првенство го брани Барселона, а ќе има дополнителна мотивација за реванш на ова натпреаврување и со паричната награда која за првото место изнесува 400.000 долари, второпласираниот ќе добие 250.000, а освојувачот на третото место 150.000 долари.