КФОР најави вежби на Косово

Мисијата на КФОР најави дека во наредните денови ќе спроведе вежби и ќе ги премести своите трупи во различни делови на Косово, како дел од „рутинското распоредување и процедурите”.

КФОР на својата Фејсбук страница објави дека „продолжува со вежбите за да бидат подготвени и да ја гарантираат безбедноста на сите луѓе на Косово”.

Ситуацијата на Косово, како што е наведено, останува под контрола без знаци за можни закани.

Треба да знаете
Последни објави