Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, изјави дека компјутерите во сè повеќе сфери стануваат попаметни од луѓето и тој тренд ќе продолжи. „Тие ќе нè надминат во голема мера во секој поглед. Јас тоа го гарантирам “, рече Маск на Светската конференција за вештачка интелигенција во Шангај, каде што говореше на сцената заедно со директорот на кинеска „Алибаба“, Џек Ма, пренесува Си-ен-би-си.
Маск даде пример за тоа како вештачката интелигенција напредувала низ годините и како денес е во состојба да се натпреварува со луѓето во шах и во кинеската социјална игра го.
„Вашиот мобилен телефон буквално може да го уништи светскиот шампион во шах“, рече Маск во обраќањето на Ма.
Џек Ма, од друга страна, имаше поинакво мислење, изјавувајќи дека е невозможно машините да ги контролираат човечките суштества.