„Најбрзата жена во светот“ во обид да го подобри сопствениот рекорд загина во несреќа
„Најбрзата жена во светот“ на четири тркала, Џеси Комбс починала во несреќа во пустината Алворд, при обид да го урне сопствениот рекорд. Комбс во 2013 година стана најбрзата жена, откако возеше со неверојатни 631 км/ч со автомобил на млазен погон.
Деталите за несреќата не се познати, освен дека таа се случила додека Комбс била во обид да го урне нејзиниот рекорд.