На 85-годишна возраст почина актерката Шила Стифел

Актерката Шила Стифел, позната како „дива на комедијата“, почина на 85-годишна возраст по тешка борба со леукемијата, пренесува „Дејли мејл“. Веста ја потврди нејзиниот агент Бери Ленгфорд преку социјалните мрежи.

Шила беше присутна на сцената на театрите, на телевизиските екрани и радиоемитувањата. Таа станала ѕвезда во 1960-тите години на минатиот век кога се појавила во емисијата „The Frost Report“ на Дејвид Фрост. Според странските медиуми, таа изградила огромна кариера во комедиите.

Треба да знаете
Последни објави