Пакистанската армија успешно спроведе тест на балистичка ракета земја-земја.
Како што пренесуваат светските агенции, овој ракетен тест се случува во време на засилени тензии со Индија околу Кашмир.
Ракетата има дострел од околу 290 километри.
Тензиите меѓу Пакистан и Индија се зголемија затоа што Индија ја укина автономијата на Кашмир, причина за две од трите војни што ги водат државите.
Пакистан реагираше со прекинување на транспортот и сите трговски врски со Индија и го избрка индискиот амбасадор.