Со огромно задоволство ве известуваме за продолжувањето на успешниот интернационален пат на “Господ постои, името и е Петрунија”. Најновата награда доаѓа од Оренбург, Русија, каде на Меѓународниот филмски фестивал “Исток и Запад – Класика и авангарда” на Зорица Нушева за улогата на Петрунија и беше доделена наградата Златен сарматски лав за главна женска улога http://east-west-festival.ru. Ова е второ директно признание за извонредната глума на нашата актерка и веќе единаесетта награда за филмот на меѓународната сцена.