Полициски службеници ги пронајоа родителите на двете заборавени дечиња во Аеродром. Станува збор за Т.Т.(44) и М.Н.(35). Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.
-На 28.08.2019 околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар ,,Видое Смилевски Бато’’ во паркирано патничко моторно возило ,,алфа’’ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени. Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники,, Мајка Тереза’’. По преземени мерки од полициските службеници пронајдени се Т.Т.(44) и М.Н.(35), родители на децата. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот- стои во соопштението.