Про-ЕУ група финансирана од Сорос алудира на обезглавување на кралицата поради брегзит

Британска група која се залага за останување на Британија во ЕУ, наводно финансирана од унгарскиот милијардер Џорџ Сорос, во твит за кој многумина сметаат дека е алузија на Англиската граѓанска војна, навести мтачна судбина на британската кралица, пишува „Спутник“.

Англискоот кралот Чарлс Први беше обезглавен во 1649 година, откако им се спротивстави на пратениците во обид да ја наметне надмоќта на монархијата над парламентот.

Групата „Best for Britain“, која има 47.000 следбеници на Твитер, се чини сугерира дека кралицата Елизабета Втора би можела да претрпи слична судбина откако на барање на премиерот Борис Џонсон се согласи да го суспендира парламентот во период од еден месец помеѓу средината на септември и 14 октомври.

Џонсон истакна дека актуелната парламентарна седница, со 340 дена, е најдолготрајната во последните речиси 400 години и рече дека парламентот треба да биде суспендиран за да може да се воведе нова законодавна програма во говорот на кралицата на 14 октомври.

Од „Best for Britain“, за која се верува дека е финансирана од Сорос, велат дека нема смисла кралицата да го поддржи овој длабоко недемократски, неуставен и фундаментално политички маневар од владата.

„Ако од кралицата била побарана помош, таа би требало да се сети дека историјата не беше премногу љубезна кон монарсите кои помагаат и ја поддржуваат суспензијата на демократијата“, објави на Твитер групата против брегзит.

„Спутник“ не беше во можност да ги потврди наводите за поврзаноста на групата со Сорос.

Кралицата е шеф на државата во Велика Британија, но таа е уставен монарх и ниту еден владетел во современата историја не одбил барање од избрана влада. Поборниците за останување на Британија во ЕУ посчуваат дека Борис Џонсон бил избран за премиер само од членовите на Конзервативната партија и тврдат дека тој нема демократски мандат.

Треба да знаете
Последни објави