Украинскиот режисер осуден за тероризам во Русија префрлен во Москва

Украинскиот филмски режисер Олег Сенцов, осуден во Русија за заговор за терористички напади на Крим, е префрлен во Москва од казнената колонија во Лабитнанги, во автономниот регион Јамало-Ненец, за да биде разменет, изјави за ТАСС извор запознаен со ситуацијата.

„Сенцов е префрлен во Москва од колонијата Лабитнанги и однесен во притворен центар“, вели изворот без да наведе детали.

Меѓутоа, адвокатот на Сенцов, Дмитриј Динзе, изјави за ТАСС дека не е запознат со плановите за размена на неговиот клиент за Руси затворени во Украина.

Минатата недела украинските медиуми објавија дека Киев и Москва имаат намера да извршат размена на затвореници врз основа на формулата „33 за 33“. Рускиот омбудсман за човекови права, Татјана Москалкова, го посети Киев пред неколку дена, но нејзината агенда остана нејасна.

На 25 август 2015 година, воениот суд на Русија во Северен Кавказ го осуди Олег Сенцов на 20 години затвор под обвинение за организирање терористичка група во Крим. Во пролетта 2014 година, членовите на групата извршија два терористички напади во Симферопол, запалувајќи ги канцелариите на руската заедница на Крим и огранокот на партијата „Обединета Русија“. Според истрагата, тие планирале и други терористички напади.

 

Треба да знаете
Последни објави