Фетаи бара да го види решението за притвор на Јанева

Обвинителката Фатиме Фетаи на денешното рочиште за случајот „Насилството во Центар“ побара  дека најпрвин треба да се види решението за притвор на Катица Јанева, па потоа да се произнесат.

-Од страна на почитуваниот колега Дангов беа наведени основите за одредување на мерката притвор на специјалниот јавен обвинител, а особено дека постои опасност од повторување на кривичното дело. Да се прибави решението за притвор за обвинителката Катица Јанева, да се види што точно се штити, па потоа да се види дали има некаква пречка за наше постапување. За вакво барање се имаме обратено и до Советот на јавните обвинители и се уште очекуваме одговор, рече Фетаи.

Треба да знаете
Последни објави