Во Монако за време на церемонијата попладнево (од 18 часот) околу ждрепката за составот на групите од фудбалската Лига на шампионите ќе биде соопштено и името и доделена наградата за најдобриот фудбалер во изборот на УЕФА за изминатата сезона. За ова престижно признание во игра се играчот на актуелниот европски првак Ливерпул Виргил Ван Дијк и доминантните, кога станува збор за распределбата на поеденечните прознанија Лионел Меси од Барселона и Кристијано Роналдо од Јувентус.
Покрај оваа престижна награда УЕФА ќе прогласува и најдобар голман, дефанзивец, играч за врска, напаѓач каде во најтесна конкуренција се останати и тројцата кандидати за титулата најдобар играч.
КАНДИДАТИ:
Најдобар фудбалер: Ван Дијк, Меси, Роналдо.
Најдобар голман: Алисон (Ливерпул), Лорис (Тотенхем), Тер Штеген (Барселона)
Најдобар дефанзивец: Александер-Арнолд (Ливерпул), Де Лихт (Јувентус/Ајакс), Ван Дијк (Ливерпул).
Најдобар играч за врска: Де Јонг (Барселона/Ајакс), Ериксен (Тотенхем), Хендерсон (Ливерпул).
Најдобар напаѓач: Мане (Ливерпул), Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус).