Децата оставени во возило во Ново Лисиче ќе бидат отпуштени од Детската клиника, контактиран Центарот за социјални грижи

Двете деца (женско дете на возраст од седум години и машко дете на возраст од четири години) кои синоќа беа оставени сами во автомобил на паркинг во скопската населба Ново Лисиче, по што полицијата по реакција на граѓани ги извадила од возилото и со возило на Итната медицинска помош се донесени во Клиниката за детски болести се во добра здравствена состојба и ќе бидат отпуштени. Контактиран е Центарот за социјални грижи и понатаму постапката оди според законот.

Ова денеска го изјави доктор Весна Мицевска од Одделот за пулмологија при Клиниката за детски болести, која рече дека мајката е со децата на Клиниката.

Посочи дека децата при приемот на Клиниката биле лесно дехидрирани, што не било последица на престојот во автомобилот, оддавале впечаток на запуштени (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени и свесни со уредни витални параметри.

– Хоспитализирани се на Одделот за пулмологија Б за обсервација, направени се рутински лабораториски анализи кои се со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Тие се во добра здравствена состојба и се планира нивно отпуштање, додаде доктор Мицевска.

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека основна причина за фатален исход при затворање деца во возила е затопленост и дехидрацијата и сите последиците до кои доаѓа при подолг престој во затворен простор при високи температури.

Треба да знаете
Последни објави