Димитров на министерски состанок на членките на ЕУ и земјите-кандидати

На покана на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини и Пека Хаависто, министер за надворешни работи на Финска, која е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска и утре, во Хелсинки, ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH).

Како што соопшти МНР, дискусиите на состанокот ќе се фокусираат на прашања за придвижување на регионалната соработка во областите од заемен интерес, додека на министерскиот работен ручек што ќе уследи после GYMNICH состанокот, ќе бидат разменети мислења околу и за поддршката на бранители за човекови права.

На маргините на состанокот, се очекува министерот Димитров да оствари и повеќе билатерални средби со свои колеги, а со кипарскиот министер за надворешни работи, предвидена е и церемонија за потпишување на документ за воспоставување на дипломатски односи со Република Кипар.

Треба да знаете
Последни објави