Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, вети дека ќе ги забрза правните процедури во врска со танкерот под британско знаме „Стена имперо“, кој Иран го заплени минатиот месец среде дипломатскиот спор со Лондон, пренесува РТ.
„Ќе го забрзаме правниот процес за британскиот танкер што сега е запленет откако во основа изврши поморски криминал со преземање на нашиот брод“, рече Зариф.
Неговите коментари доаѓаат една недела по состанокот со Ерик Ханел, шефот на шведската превозна фирма „Стена Булк“, која е сопственик на запленетиот танкер. Ханел побара од Техеран да го ослободи танкерот и неговиот 23-член екипаж.
Тензиите околу серија заплени на бродови почнаа на почетокот на јули, кога иранскиот танкер со нафта „Грејс 1“ беше запленет од британските командоси и полицијата на Гибралтар во близина на јужниот брег на Шпанија. Неговиот екипаж беше под истрага за наводни обиди за транспорт на нафта во Сирија и, со тоа, за кршење на санкциите на ЕУ. Танкерот на крај беше ослободен и покрај тоа што САД издадоа налог за заплена.
Инцидентот предизвика дипломатски спор меѓу Техеран и Лондон. На 19 јули Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) го заплени „Стена имперо“ кој пловеше низ теснецор Ормуз со тврдење дека танкерот прекршил неколку поморски правила, вклучително и исклучувањето на неговиот ГПС и игнорирањето на повик за помош од рибарски брод со кој наводно се судрил. Танкерот е моментално прикотвен во иранското пристаниште Бандар Абас.