Мицкоски од Кочани: Состојбата со производството на оризот е алармантна

Денеска сме овде во Кочани, разговаравме со земјоделците, со оризопроизводителите. Состојбата во Кочани и кочанско во делот на производството на оризот е навистина алармантна и јас би рекол повеќе катаклизмична споредена со она што беше во минатото, кажа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по средбата со оризопроизводителите во селото Долни Подлог.

Луѓето се навистина резигнирани и разочарани од реалноста, од условите, од она што денеска како оризопроизводители мораат да го истрпат. И со сите оние проблеми со кои што се соочуваат, изневерените очекувања, злоупотребата на нивната доверба за време на изборните циклуси во минатото посебно за време на предвремените парламентарни избори во 2016-тата. Потоа за време на локалните избори во 2017-тата кога се ветувани многу работи за оризопроизводителите, а во суштина до ден денеска ништо не е исполнето.

Тука ги потенцираа проблемите околу загарантираната цена која што е за 30-тина проценти помала од онаа која што во тоа време била ветувана од страна на Зоран Заев само за глас, а потоа за пусти пари, пусти привилегии како премиер на државата. Потоа тука исто како проблем би го истакнал и делот на онаа дополнителна стимулација од 5 денари која што им беше ветена за минатогодишната реколта, а која што до ден денеска се уште не е исплатена. Потоа проблемите со системот за наводнување кои што како сега што биле изразени, никогаш во минатото не биле изразени, семенскиот материјал, пестицидите практично една траорна катаклизмична ситуација имаме денеска помеѓу оризопроизводителите овдека во Кочани и кочанско.

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно слушна од граѓаните и научи од граѓаните, а тоа е делот од акцијата на ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој што следи. Ги гледаме и ги слушаме реалните проблеми на граѓаните сето она  што како решение го имаме предвидено ќе биде споредено со она што го слушаме како навигација од терен а е дел од проблемите на граѓаните, ќе биде дел од нашата програма која што ќе ја прошируваме се разбира со тие решенија.

ВМРО-ДПМНЕ во минатото секогаш било и ќе остане верен пријател на земјоделците во Република Македонија. Предвидуваме навистина одлични проекти, предвидуваме навистина одлична понуда во нашата предизборна програма.

Да почекаме времето да помине да конечно се охрабрат од владата да се охрабри Зоран Заев да се соочи со овие луѓе кои што ги лажеше во 2016 и 2017 година, да распише предвремени парламентарни избори па да дознае дали блескаме или ќе го блесне него еден огромен пораз на следните предвремени парламентарни избори.

 

Треба да знаете
Последни објави