Најмалку 30 војници загинаа во Јемен

Најмалку 30 војници загинаа во воздушните напади во Јемен кога биле погодени владините сили во јужниот дел на град Аден, каде што се бореле против сепаратистите поддржани од Обединетите Арапски Емирати.

Командантот на специјалните сили во таа провинција, Мохамед ал Обан, рече дека трупите се упатиле кон Аден во четвртокот кога се случиле воздушните напади, пренесува АП.

Тој не прецизираше кој стои зад нападот, но рече дека авионите се од коалицијата.

Официјални лица од Обединетите Арапски Емирати, кои исто така се дел од коалицијата против јеменските бунтовници Хути од 2015 година, одбија веднаш да коментираат.

Нападот се случи еден ден откако владините сили беа испратени во Аден за да се обидат да го преземат градот од сепаратистите.

Треба да знаете
Последни објави