Рекордна продажба на Galaxy Note10 во ЕУ

Пред својата десетгодишнина на своите Galaxy производи, компанијата Samsung бележи рекордна пред-продажба на Galaxy Note10 смартфоните во Европа. Фактот што повеќето продадени уреди се Galaxy Note10+, е доказ дека корисниците повеќе сакаат поголеми и поефикасни паметни уреди. Воедно, Aura Glow е најпопуларната боја која е дел од половина од продадените уреди.

Со Cinematic Infinity екранот кој е од раб до раб, најнапредниот S Pen и најмодерната камера за снимање на прекрасни видеа и фотографирање на совршени фотографии Galaxy Note10 на корисниците им дава слобода и можност да ја изразат својата креативност, остварат своите цели и да го работат тоа што го сакаат, комбинирајќи  елегантен дизајн и моќни перформанси.

За прв пат Galaxy Note е достапен во две големини за корисниците да може да го изберат тоа што најдобро им одговара. Galaxy Note10 ја има моќта на S Pen и Cinematic Infinity екран од 6,3 инчи, додека Galaxy Note10+ и Galaxy Note10+ 5G го имаат најголемиот Note екран досега со 6.8 инчи Cinematic Infinity Display. Воедно, сите кориснички податоци кои се складирани во самите овие уреди се заштитени од Samsung Knox сигурносната платформа.

Во Note серијата за прв пат може да се најде и 5G верзијата која им овозможува на корисниците во целост да ја искористат мрежата на новата генерација за да гледаат видеа во висока резолуција, супер брзо да ги преземат и играат своите игри со високи перформанси во реално време.

Треба да знаете
Последни објави