По петдневни интентензивни натпревари во спортскиот центар „Јане Сандански” во Скопје, со победа во финалето на екипата од Босна и Хрцеговина, против екипата на Црна Гора заврши 11-ти регионален футсал „Куп за мир 2019″.
Како што соопшти Министерството за одбрана, на свеченото затворање што се одржа во касарната „Гоце Делчев” беше доделен пехар на овогодинешниот победникот на футсал куп, екипата од Вооружените сили на Босна и Херцеговина, а медали беа доделени и на второ пласираната екипа од Црна Гора и трето пласираната екипа од Србија.
Генералниот секретар на Меѓународмиот совет за воени спортови, полковник Дора Мамби Коита се заблагодари за квалитетната игра, добриот дух и одличната организација на овој футсал „Куп за мир 2019″.
Купот за затворен го прогласи директорот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески, честитајќи и на екипата од Босна и Хрцеговина за освоеното прво место, но и на останатите екипи кои во спортски дух го дадоа својот максимум. Тој изрази благодарност и до сите кои придонесоа оваа спортска манифестација под мотото „Пријателство низ спорт” да ја има оваа завршница каде победи најдобриот но пред се доминираше фер плејот во текот на сите натпревари.
Регионалниот куп за футсал што се одржуваше од 26 до 30 август, во спортскиот центар ,,Јане Сандански” во Скопје, и на кој покрај екипата од Армијата на Република Северна Македонија како домаќин, учествуваа и екипите од армиите на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.
Следниот регионален футсал куп ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.