Најдобрата хрватска тенисерка Петра Мартиќ се избори за осминафиналето на УС Опен откако ја порази минатогодишната полуфиналистка на американското отворено првенство, Анастасија Севастова.
На Хрватицата и беше потребно време од еден час и 26 минути за да ја порази Севастова со два нула во сетови, односно 6:4 и 6:3 на гемови, со што влезе меѓу осумте најдобри тенисерки на последниот Гренд слем оваа сезона.
Мартиќ имаше проблеми во првиот сет откако уште на стартот го изгуби својот сервис, но успеа да направи пресврт и да го добие сетот со 6:4. Во вториот сет не само што не и дозволи брејк на својата противничка од Латвија, туку и одзема два сервиа за освојување на сетот и мечот.
На осминафиналето Мартиќ ја очекува најголемиот меч на кариерата бидејќи го очекива победникот од мечот меѓу Серена Вилијамс и Каролина Мучова.