Вучиќ на средба со Кукан и Флекенштајн за политичката атмосфера со цел овозможување на дијалог со опозицијата

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска разговараше со делегацијата на Европскиот парламент (ЕП), претставена од Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, за политичката атмосфера и конкретните прашања со цел за олеснување на дијалогот меѓу парламентарните партии, соопштија од неговиот Кабинет.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер, за време на неговата последна средба со претседателот Вучиќ, оваа недела, го најави пристигнувањето на делегацијата на ЕП како дел од „истражувачката мисија” на Европскиот парламент за зајакнување на парламентарниот дијалог во српскиот парламент, се вели во краткото соопштение.

Кукан и Флекенштајн вчера се сретнаа со пратеници во српскиот парламент, а денеска треба да се сретнат и со вонпарламентарните партии од опозицијскитот Сојузот за Србија и од Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Сергеј Трифуновиќ, кој пред неколку дена побара посредништво од ЕУ во дијалогот меѓу властите и опозицијата, во писмото испратено до Дејвид Мекалистер.

Вчера,поранешните европратеници, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, во собранието ја започнаа дводневната посредничка мисија зад затворени врати со претставници на опозициските партии и на власта, на кои беше предвидено да не даваат изјави ниту пред ниту после состаноците.

Но, според потпретседателката на Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас, Мариника Тепиќ, таа за ТВ Н1 изјави дека Кукан и Флекенштајн изразиле резервираност во поглед на бојкотот, како и дека им доставила список на барања од работната група на протестите „1 од 5 милиони” преведена на англиски јазик и им ги предочила причините за бојкот на парламентот и на претстојните избори.

-Нашите соговорници изразија резервираност во врска со бојкотот. Не им беше јасно ниту близу зошто го бојкотираме парламентот. Им објаснивме дека повеќе од две години се обидувавме да го водиме парламентарниот дијалог како треба, да ги претставуваме граѓаните, а за жал, за тоа бевме казнувани, исфрлувани, прекинувани и дека сето ова го има изгубено значењето..Затоа поради неможноста да учествуваме рамноправно во предизборните медиумски фази, ние навистина не можеме да си дозволиме да го изиграме потписот даден на Договорот со народот, како и своите политички уверувања, рече Тепиќ.

Таа додаде дека им кажала на соговорниците дека Вучиќ „купува време за понатамошно зајакнување на неговиот диктаторски режим, апсолутно неодејќи кон целта, и тоа не само во поглед на Косово, туку и во секојдневниот живот на граѓаните”.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, речиси сите медиуми кои информираат за оваа посета, како и опозициските политичари, редовно напоменуваат дека Кукан и Флекенштајн беа дел од тричлен тим кој одигра клучна улога во постигнувањето на „Пржинскиот договор” на партиите во Северна Македонија во 2015 година, кој ги овозможи парламентарни избори во декември 2016 година на кои учествуваа сите актери.

Треба да знаете
Последни објави