Покривот го демолирал газда на хотел во ГТЦ- не му дале да ја користи терасата за кафеана

Лицето кое синоќа го демолираше зелениот покрив на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје е газда на хотел кој се наоѓа во трговскиот. Вработени во ГТЦ за СДК.мк велат дека откако ги виделе снимките од безбедносните камери веднаш го препознале сторителот. Тој, според нив, барал градината што се прави на покривот да се користи како тераса за објектот. 

Од ГТЦ велат дека снимките од безбедносните камери ќе се предадат на Министерството за внатрешни работи.

Треба да знаете
Последни објави