Јубилејното 65-то издание на Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи во Ротердам, соопшти денеска ЕБДУ.
Во трката помеѓу холандските градови за организирање на Евровизија, Ротердам успеа да го победи конкурентот Мастрихт.
Полуфиналните вечери ќе се одржат на 12 и 14 мај, а големото финале на 16 мај во арената „Ахој“.
Холандскиот пејач Данкан Лоренс победи на овогодинешната Евровизија во Тел Авив. Холандија првпат по 1975 година ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија, а до сега петпати беше организатор на музичката манифестација.