Нахранете ја кожата на лицето со кокос и грозје и гледајте како несовршеностите и брчките исчезнуваат.
За кожата на лицето најдобри се маските од природни состојки кои можете да ги направите сами. Употребата на овошјето и зеленчукот за секојдневна нега на кожата не е новина. Доколку до сега не сте ги користеле, ви препорачуваме да ги внесете во употреба.
Кокосовото масло е одлично за чистење на шмината, делува антибактериски, ја чисти проблематичната кожа и ја хидрира. Нанесете тенок слој на лицето, држете чист пешкир натопен со топла вода околу триесетина секунди, а потоа отстранете го вишокот од кокосовото масло.
Грозјето е богато со антиоксиданти и делува како превенција против стареење. Освен тоа, содржи витамин Е.