Членот на ЦО на СДСМ, Трајан Димковски, придружуван од претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски, попладнево учествуваше на маалска средба со жителите на населеното место Табановце, Општина Куманово.
Димковски на маалската средба ги презентираше спроведените аграрни реформи кои ги намалуваат трошоците на земјоделците од една страна, а од друга страна обезбедуваат повеќе пари за секој земјоделец.
-За само 2 години успеавме да го рехaбилитираме земјоделството. Спроведуваме низа реформи кои носат реални резултати. Со мерката „зелена” нафта 3 милиони евра ќе се вратат кај 55 илјади земјоделци. Исто така забележително е зголемена искористеноста на ИПАРД програмата која дополнително овозомжува унапредување и покункрентни земјоделски производи – истакна Димковски.
Димковски во своето обраќање ги истакна и придобивките од донесените измени на Закон за земјоделско земјиште.
– Со измените на Законот за земјоделско земјиште се исправа неправдата при распределбата на државното земјоделско земјиште, бидејќи денес, распределбата се врши јавно, транспарентно и неселективно. Исто така, измените предвидуваат младите земјоделци до 40 години во првите 3 години да бидат ослободени од плаќање на закуп за земјиштето. Во насока на мотивирање на младите земјоделци, со мерката „Млад земјоделец” обезбедуваме и неповратни грантови во висина од 10 илјади евра – посочи Димковски.
Димковски заклучи дека со членството во НАТО и отпочнувањето на преговори со ЕУ, ќе се отворат шанси за нови фондови и уште поголема поддршка за земјоделците.
Маалските средби продолжуваат.
СДСМ како одговорна партија чиј приоритет се граѓаните останува на страната на граѓаните и ќе продолжи да ги слуша идеите, сугестиите и предлозите на сите граѓани, се со цел да се продолжи со креирање и имплементација на политики кои овозможуваат подобар живот за сите.