Денес во паркот „Македонија” публиката ќе има можност да ужива во настапите на популарните македонски ѕвезди Александар Митевски, Драган Спасов-Дац и Кристина Арнаудова. Утре на свеченото затворање на културната манифестација, на месноста „Три круши” концерти ќе одржат Мики Јовановски-Џафер, Искра Трпева, Ѓоко Танески и КУД „Китка”. Концертите на двете локации ќе почнат во 20:00 часот.