Голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас во понеделник ќе потпише за Париз Сен Жермен.
Веста денеска ја објави весникот „Марка” кој е познат како близок до кралсиот клуб во Мадрид.
ПСЖ ќе плати за 32-годишниот голман 15 милиони евра, а ќе му го позајми на Реал една година својот голман Алфонс Ареола. Навас, пак, ќе заработи околу 20 милиони евра во Париз во текот на следните три години.
Голманот на Костарика пристигна во Реал пред пет години, по Светскиот куп во Бразил, а ова лето побара трансфер бидејќи неговиот тренер Зинедин Зидан му ја додели улогата на резерва на голманот Тибо Куртоа.