Сретко Калиниќ (45), наречен Звер и Бели, кој беше осуден на 30 години затвор за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ и злосторствата на Земунскиот клан, бара од Судот за човекови права во Стразбур да ја укине пресудата и да го ослободи.
Покрај тоа, Калиниќ исто така бара судот да ја преиспита и укине пресудата со која е осуден на 40 години затвор за вмешаност во убиства, киднапирања и терористички напади.
„Испративме писмо до Судот во Стразбур, во кое се бара мојот клиент да биде ослободен од обвинението за убиство на Ѓинѓиќ, бидејќи тој изјави дека нема никаква врска со атентатот. Исто така, бараме тие да ја разгледаат пресудата во која тој беше осуден за вмешаност во убиствата во Земунскиот клан. Сè уште чекаме одговор од Судот во Стразбур“, за „Ало“ рече Славко Петриќ, адвокатот на Калиниќ.