Се породи сама во затворска ќелија во Денвер, врескала од болки, никој од чуварите не дошол да и помогне
Шокантна глетка пристигнува од еден затвор во околината на Денвер. Затвореничката Дијана Санчез (26) добила породилни контракции во затворската келија, а кога почнало породувањето, врескала од болки, при што никој од чуварите не реагирал.
Снимките објавени на социјалните мрежи ги прикажуваат моментите кога лежела на „студениот и тврд затворенички кревет“ и се обидела да роди бебе. На чуварите неколку часа подоцна (осум пати) им рекла дека ќе се породи, но и покрај тоа не ја испратиле во болнциа, се наведува во тужбата.
И покрај тоа што затворските службеници биле свесни дека се наближува доаѓањето на детето на свет, Дијана трпела болки со часови без анестезија. Кога веќе се породила, на снимките се гледа како еден од затвориските лекари и приоѓа и го зема нејзиното новородено бебе.
Адвокатот на Дијана Санчез, Мери Њуман истакна дека момчето тоа го направил така „како никогаш во живот да не видел бебе“ и дека била зачудена од нискиот степен на сочуствителност во таква ситуација.
Според тврдењата, итната помош е повикана дури откако се породила, а нејзините правни застапници поднеле тужба поради тоа што затвориските службеници иако биле свесни дека девојката ќе се породи, по тој повод не направиле ништо, туку ја оставиле на милост и немилост.
„Таа болка беше неопислива. Меѓутоа, она што најмногу ме боли е тоа што никому не му беше грижа дека се породувам“, рече Санчез неколку дена подоцна.
Портпаролот ан затворот за БиБиСи изјави дека на затворениците им се дава „сеопфатна медицинска нега“ и дека за тоа „се води сметка на професионално ниво“.
Дијана е во затвор од јули минатата година поради обвинение за кражба на идентитет и фалсификување на исправи.