СДСМ се заглавени и се подолу тонат со обидите да ги амнестираат криминалот и високата корупција. Тоа е единственото на кое се посветени и за тоа ја жртвуваат иднината на државата.
Ниту правда ниту интеграции ќе има со селективноста на правдата која што ја водат преку “пупка судството” и прислушуваното ЈО на Зора Заев.
Изворот на лажни вести во насока на криење на корупцијата е токму власта на главата на криминалниот октопод.
Тоа се вестите за Блескање, за Датум за преговори, за Раст на пензии, за Раст на економија, лажните вести За Живот.
Транспарентноста која е главна во флоскулите на оваа крими-власт бега од одговори за тоа каде се парите од Рекет и каде завршува торбата пари, одговори за Драги Рашковски и криминогениот тендер за Леонардо, спогодбата на Анѓушев вицепремиерот со Анѓушев бизнисменот?
Транспарентноста молчи пред прашања каде се 500 евра просечна плата, земјоделски мерки кон потребите на земјоделците, 600 км автопатишта и другите лаги кои ги сее власта.
Врвот на недемократското владеење се обидите за замолкнување на медиумите, тужени и повикуваат новинари во полиции заради информации од јавен интерес.
Сета влада е лажна вест и тоне во криминал и затоа бега од избори. Едно е сигурно, следат избори и потоа обнова на Република Македонија во која секој што се огрешил и учествувал во криминал ќе одговара пред независни правосудни органи.