Тие го сонуваат македонското сценарио и му се молат на Бога дека, исто како и Боки 13, ќе носат торби со по милиони евра и ќе им ги делат на обвинителите, Чарлиевите ангели, кои би ги поставиле заедно со странците. Тоа нема да се случи во слободна Србија, денешна Србија, изјави српскиот претседател и лидер на владејачката Српска напредна партија (СНС) Александар Вучиќ, коментирајќи ги за „Политика” вчерашните услови на опозицијата за да не ги бојкотира изборите, изнесени на разговорите со претставниците на Европскиот парламент, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн.
На забелешката на „Политика”, дека се стекнува впечаток да за претстојните избори се прави „светска работа”, Вучиќ кажа дека „светска работа од тоа прават оние кои ги немаат гласовите на своите граѓани.”
Тој изјави дека изборните правила ги направила Демократската партија (ДС) со „нејзините сателити”, но и покрај тоа поранешниот режим прави се за да се интернационализира „така наречениот проблем со демократијата во Србија од едноставна причина што не може да се потпре на поддршка на граѓаните кои немаат доверба во нив “.
Според Вучиќ, партијата која ја води „секогаш била подготвена за дијалог, но никогаш за диктати (од опозицискиот Сојуз за Србија), како и од меѓународните претставници.”
– Тие фантазираат за формирање на преодни влади, за доаѓање на власт без избори, без одлука на парламентарното мнозинство, некако октроисани од меѓународниот фактор. Србија е суверена земја и за таквите глупости можат само да ги сонуваат, а на власт ќе дојдат само кога ќе добијат мнозинската доверба на народот, посочи Вучиќ за „Политика”.
Во делот во кој се разговара за доаѓање на гостите кои имаат идеи за српските избори, Вучиќ рече дека „Србија е отворена земја, но исто така и независна и суверена”.
– Разговорот е лековит, но сите одлуки ги носат граѓаните на Србија преку нивните претставници, а изборите се единствено место на кое се одлучува за тие претставници. За разлика од многу други, Србија не е и нема да биде банана држава, рече Вучиќ.