Поранешниот шпански крал, Хуан Карлос и татко на кралот Филип VI, излезе од болница една недела по операцијата на срцето, соопштија од болницата во која бил извршен зафатот.
„Неговото височество, кралот Дон Хуан Карлос беше отпуштен вчера и клинички е стабилен. Кардиолошките називи покажуваат нормален ритам на срцето“, изјави директорката на болницата, Лусија Алонсо, пренесе „Ројтерс“.