Алијансата за Албанците го поздравува назначувањето на Палмер  за специјален претставник за Западен Балкан

Алијансата за Албанците го поздравува назначувањето на заменик-помошник секретар Метју Палмер за специјален претставник за Западен Балкан на државниот секретар Мајк Помпео.

Американската дипломатија, особено преку г-дин Палмер, даде значаен придонес кон стабилизирање на земјата за време на транзицијата од режимот ВМРО-ДУИ и материјализацијата на членството во НАТО.

Во време кога земјата се соочува со невидени и координирани напади врз темелите на владеењето на правото, зголемениот ангажман на САД е многу позитивен сигнал за демократизација на Северна Македонија и европската перспектива на регионот.

***

Треба да знаете
Последни објави