Голем пожар се шири во близина на селото Војница, во околината на Велес, објави попладнево на Фејсбук градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски.
Стојановски на Фејсбук објави и фотографии од големиот пожар и порача дека се потребни доброволци за гаснење на пожарот.
„Нов страотен пожар во близина на село Војница. Пламените јазици се шират со голема брзина“, пишува градоначалникот Стојановски на Фејсбук.
https://www.facebook.com/goran.kanela/posts/3207318935961932
За големиот пожар апелираат и грѓаните на социјалните мрежи барајќи помош.