Синоќа околу 22.10 часот во затвореното одделение на КПУ „Идризово“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Ш.И.(28) од Скопје и П.С.(28) од Струга.
МВР јави дека за време на инцидентот, П.С. со остар предмет го повредил Ш.И., во пределот на десната надколеница и десното рамо. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди, а потоа бил вратен во КПУ Идризово.
Се работи на расчистување на случајот.