Неколку илјади демонстранти се собраа во центарот на Москва, барајќи чесни и слободни локани избори закажани за 8 септември.
Демонстрантите се собраа и покрај забраната на градските власти, наведе „Ројтерс“.
Демонстрантите извикувале „Русија ќе биде слободна“ и „Ова е наш град“, додека шетале низ московските улици.
Тие бараат опозицијата да учествува на изборите, како и ослободување на активистите кои биле уапсени на претходните протести.