Јавното обвинителство ја интензивира истрагата за инцидентот во тетовска Мала Речица каде пред еден месец од пукотници со огнено оружје на свадба беа ранети две млади лица. Ова го тврдат од Обвинителството, но не сакаат да ја коментираат вчерашната изјава на Јусуф Биљали, татко на еден од ранетите. Како што дознава Алсат, Обвинителството побарало од МВР да се забрза постапката за вештачење на запленетите оружја од местото на настанот.
Tаткото на момчето кое беше рането со пиштол на свадба во тетовска Мала Речица, пред околу еден месец кога беше повреден и синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, тврди дека инцидентот бил дело лично на високиот партиски функционер. Таткото Јусуф Биљали во изјава за Алсат ги негира тврдењата на Адеми, кој рече дека воопшто не бил замешан во пукањето.