Трамп разговараше со републиканците и демократите за оружјето

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разговараше со републиканците и демократите за можните правни чекори во врска со контролата на оружје по уште едно од низата масовни убиства, кое овојпат се случи во Тексас.

Трамп рече дека новото пукање не променило ништо во привремениот пакет закони за оружјето што се во тек, пренесе „Ројтерс“.

Тој додаде дека не верува оти безбедносните проверки на оние кои купуваат оружје би ги спречило нападите.

Бројот на жртви од вчерашното пукање во Одеса во западен Тексас порасна на седум лица, а полицијата наведе дека едно лице е во животна опасност.

Во пукањето се повредени над 20 лица, а убиецот е застрелан од страна на полицијата.

Пукањето во Одеса се случи само четири недели откако во тексашкиот град Ел Пасо беа убиени 22 лица.

Вчерашниот напад е 25. масовно убиство од почетокот на оваа година во САД.

Треба да знаете
Последни објави