Излета „пасат” на патот Охрид – Кичево, две лица повредени

Синоќа во 21.00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Копачка, С.Р.(59) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „пасат” со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(62), по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Треба да знаете
Последни објави