Папата се заглави во лифт, го спасиле пожарникари

Папата Франциско изјави дека 25 минути денеска бил заглавен во еден од ватиканските лифтови, поради што морале да интервенираат пожарникарите.

Поради дефект на лифтот, Папата задоцнил на попладневното обраќање пред верниците на плоштадот Свети Петар, по што им се извини на собраните, пренесе „АП“.

Папата побара од верниците да ракоплескаат за пожарникарите кои пристигнале за да го спасат од непријатната ситуација.

Треба да знаете
Последни објави