Teпачка помеѓу четворица соседи, подоцна се пресметале и членовите на нивните семејства

Две групи синоќа се степале на улицата „Волт Дизни“  по претходна вербална расправија околу нарушени меѓусоседски односи, соопшти МВР.

Имено, како што јавуваат од полицијата, дошло до меѓусебна пресметка помеѓу А.Н.(33), Ѓ.Б.(43) од една страна, и Р.Џ.(31), Р.Н.(36), од друга страна. Во 21.30 часот било пријавено дека на истата улица повторно бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка меѓу членови на истите семејства односно помеѓу Б.Н.(45), Ѓ.Б.(43) и Б.Е.(21), од една страна, и Р.Џ.(31) и Р.Ф.(50), од друга.

Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Треба да знаете
Последни објави