Дијалог за продлабочување на децентрализацијата и за подобрување на функционалноста на општините

 Во организација на Министерството за локална самоуправа вчера и денеска во Маврово, претставници на ЗЕЛС, градоначалници, претставници на надлежни министерства и експерти разговараа за процесот на децентрализација и за подобрувањето на функционалноста на општините.

Заеднички беше заклучокот дека процесот на децентрализација повеќе од една деценија стагнира, за што зборува големата финансиска зависност на локалната самоуправа од централната власт, особено на помалите и на руралните општини и епотребен дополнителен трансвер на средства од буџетот на државата за да можат да се превземат нови надлежности, но исто така беше констатирано дека општините покажуваат низок фискален капацитет и недоволна ангажираност во собирањето на приходите од локалните даноци и такси.

-Денеска сме овде за да го продолжиме дијалогот меѓу централната и локалната власт за промените кои што се неопходни. Едно од најважните прашања е дали надлежностите што сега се утврдени во Законот за локална самоуправа општините ги остваруваат во полн капацитет, кои се тие надлежности за кои што има потреба и услови да бидат дополнително пренесени и како сегашниот систем на финансирање да биде редизајниран на начин кој што нема да создава дополнителен финансиски и развоен јаз меѓу општините, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

-Нужни се промени во надлежностите и во начинот на финансирање на општините затоа што во спротивно проблемите ќе треба да се решаваат со нова територијална организација,рече претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов кој што истакна дека ЗЕЛС се залагаза зголемување на приходите од данокот на додадена вредност и од персоналниот данок, средства од игрите на среќа, пренесување на нови надлежности и установи во областа на превентивнта здравствена заштита, социјалната заштита, во областа на културата, управувањето со земјоделското земјиште, комунални редари со поголеми овластувања, издавање на документи од матичната евиденција, подобрување на функциите на противпожарната заштита, како и надминување  на преклопувањето на надлежности меѓу градот Скопје и општините во градот Скопје.

Дијалогот меѓу централната и локалната власт го поздрави и заменичката на постојаната претставничка на УНДП, Сања Бојаниќ.

На форумот се разговараше и за механизмите и капацитетите на општините за граѓанско учество и развој на локалната демократија, како и за статусот и за начините на подобрување на функционалнаста на месната самоуправа.

Треба да знаете
Последни објави