Еве веќе почнува и 5-тиот месец од истрагата за случајот „Рекет“, а дури сега почнаа да се викаат споредните соработници на Боки 13, а не нарачателите. Петтиот месец тече, а сеуште Вилма Русковска ги штити инволвираните политичари од власта и не ги повикува на распит да дадат исказ.
Кога и дали планира Вилма Русковска да ги повика на распит Зоран Заев, Кики и Фрики, Шеки и сите останати од меѓународниот сојуз? Каде е торбата со пари која што беше земена од страна на Боки 13?
Вилма Русковска нема намера да го расчисти случајот „Рекет“.
Вилма Русковска и Љубомир Јовевски се ставаат во заштита на криминалот и корупцијата која ја прави власта изминативе 2 години.
Нема човек кој не е свесен дека Бојан 13 и Катица Јанева не можеле и немале можност самите да рекетираат и да уценуваат бизнисмени и политичари.
Нема човек кој не е свесен дека целиот државен врв е вмешан во случајот „Рекет“, а Вилма Русковска, обвинителството на Љубомир Јовевски сакаат да ги заштитат и да го забошотат целиот случај на милионско рекетирање за кое што сме сведоци во моментот.
Катица Јанева и Зоран Заев се едно исто во случајот „Рекет“, а Боки 13 е избран како извршител на рекетирањето, човек во кој никој не би требало да се посомнева дека ја зема торбата со пари и ја носи на одредено место.
Го повикуваме обвинителството, да не ја кочи истрагата, туку веднаш да ги повика сите на распит и да додели притвори за да нема влијание врз сведоците и бришење на доказите, како што беше случај изминативе 4 месеци.
Секој поминат ден е само поголем доказ и поголема потврда дека сакаат да ги скријат и да ги заштитат криминалците од власта на СДСМ и од СЈО.
Почитувани господа од власта,
Ви дојде крајот.
Од овој скандал нема назад.
Потребни се предвремени парламентарни избори на кои Зоран Заев и рекетарско – криминалната банда ќе отидат во историјата, а веднаш потоа ќе отпочне обнова на Македонија.