Бензините поскапуваат за половина денар

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69 денари за литар.

Цената на дизелот останува 61 денар за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 денар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,763 денари за килограм на 31,811 денари.

Треба да знаете
Последни објави