Во Тунис убиени еден полицаец и двајца милитанти

Еден туниски полицаец и двајца исламски милитанти беа убиени во безбедносна операција во близина на границата со Алжир, објави државната туниска телевизија.

Конфликтот се случил две недели пред претседателските избори во Тунис, кои се закажани за 15 септември, пренесува Ројтерс.

За полицаецот кој беше убиен, се вели дека бил началник на полициската станица во Хаидра.

Треба да знаете
Последни објави