Средношколец на возраст од 17 години од Хрватска, три месеци живеел сам во куќа без електрична енергија, вода и греење, бидејќи ниту еден од родителите не го одвел со себе по разводот.
Прво заминала мајката, а една година подоцна се иселил и таткото. Покрај синот, родителите оставиле и ќерка, пренесува „Јутарњи лист“.
Кога помалото дете отишло да живее кај бабата, средношколецот останал сам.
„Го гледавме момчето на улица, но секогаш мислевме дека доаѓа за работите што им се потребни. Во таа куќа веќе една година нема основни услови за живот, почнувајќи од електрична енергија, вода и греење. Дури подоцна откривме дека момчето живеело само со месеци“, рекол еден сосед.
Училиштето ги известило надлежните за оваа ситуација.