Грифитс: Ова во Јемен е трагедија која мора да се запре

Специјалниот пратеник на ОН за Јемен, Мартин Грифитс, ги осуди воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз заворскиот комплекс во Дамар со кој управуваат бунтовниците Хути, а во кои, според последните податоци, се убиени најмалку 100 лица.

„Денешните настани се трагедија. Човечките жртви од оваа војна се неподносливи. Тоа мора да го запреме. Граѓаните на Јемен заслужуваат мирна иднина”, се наведува во соопштението на пратеникот Грифитс.

Тој истакна дека „одговорноста мора да надвладее” и побара истрага за овој напад, пренесуваат американските медиуми.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека во воздушните напади погинале најмалку 100 лица.

Шефот на делегацијата на МКЦК во Јемен, Франц Роченштајн, за британските медиуми изјави дека спасувачите и натаму извлекуваат тела на жртви од под урнатините на затворот во Дамар.

Бунтовниците соопштија дека има и повеќе од 50 повредени лица.

Коалицијата наведува деца нивна цел било складиште со дронови и ракети.

Граѓанската војна во Јемен трае од 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави