Израелската војска лансирала извиднички балон над либанската гранична населба Меис ел Џабал, пренесува Либанската национална новинска агенција. Според агенцијата, балонот бил испратен преку границатаденеска во раните утрински часови.
Извештајот доаѓа откако либанската армија на 1 септември рече дека Израел испукал над 40 проектили во близина на населбите Марун ел Рас, Аитарун и Јарун.
Во бомбардирањето што следуваше, противтенковската ракета на Хезболах уништи израелски оклопни возила во пограничното подрачје како одмазда за нападите со беспилотни летала од Израел.
Либан исто така го обвини Израел дека стои зад нападите со дронови во неделата врз седиштето на Хезболах во близина на Бејрут и врз палестинските воени позиции во Источен Либан.
Со месеци Либан се спротивставува на израелските операции против Хезболах во неговиот воздушен простор, тврдејќи дека тие го нарушуваат суверенитетот на земјата и ја прекршуваат Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, наменета за решавање на конфликтот меѓу Израел и Либан од 2006 година. Израел, пак, го смета либански Хазболах за клучен ривал во регионот и спроведува редовни воздушни напади против него.