Икарди на крајот се согласи да замине од Интер

Заврши летната преселба на фудбалерот на Интер, Мауро Икарди. Аргентинскиот интеранционалец на истекот на предниот рок се согласил да замине од Интер и да му се приклучи на францускиот првак ПСЖ, каде денеска попладне треба да пристигна на задолжителни лекарски прегледи, а потоа да стави потпис на едногодишен договор.

Икарди цело лето си играше „топло-ладно“ со Интер. Сакаше да замине, па се предомислуваше и одбиваше било каков трансфер, за да на крајот се согласил да замине во Париз на едногодишна позајмица. „Светците“ идното лето ќе можат да го откупат целиот договор ма Икарди од Интер.

 

Треба да знаете
Последни објави