Иран: Експлозијата на ракета во вселенскиот центар е поради техничка грешка

Иран првпат призна дека експлозија на ракета се случила во вселенскиот центар „Имам Хомеини”, додека ирански службеник изјави дека експлозијата е причинета поради техничка грешка.

Портпаролот на иранската Влада Али Рабиеи во изјава што ја пренесе иранската државна телевизија рече дека немало жртви во експлозијата и не се пронајдени знаци на саботажа.

Сателитските фотографии покажаа дека ракета експлодирала во четвртокот во вселенскиот центар Имам Хомеини што се наоѓа на околу 240 километри југоисточно од иранскиот главен град Техеран.

Треба да знаете
Последни објави